23 лица обесени или обезглавени во Мексико

Мексиканската полиција пронашла 23 тела на луѓе, некои обесени, некои обезглавени во градот Нуево Ларедо, во близина на границата со САД. Девет од жртвите, меѓу кои 4 жени, биле обесени на еден надвозник над главниот автопат, а 14 обезглавени тела биле пронајдени пред градската управа. Тој регион на Мексико е поприште на жестока битка меѓу ривалски нарко картели.