Полициски час во делови од Каиро

Египетските воени лидери воведоа полициски час низ улиците околу министерството за одбрана во Каиро отако таму дојде до големи судири меѓу безбедносните сили и демонстранти кои бараат крај на воената управа во земјата. Во нередите вчера загинал еден полицаец, а стотици луѓе биле повредени. Полицијата соопшти дека уапсила 170 демонстранти.