Украина и се заканува на Германија

Леонид Козара

Заменик претседателот на украинската владејачка партија Леонид Козара ја предупреди Германија дека би можело да се соочи со економски последици доколку продолжи да ја притиска земјата околу затворената експремиерка Јулија Тимошенко. Многубројни европски претставници сугерираа бојкотирање на натпреварите на Европското првенство во фудбал што ќе се играат во Украина, како и нивно неучество на регионалната конференција што овој месец треба да се одржи во таа земја. Тимошенко која издржува казна затвор од седум години поради злоупотреба на функцијата соопшти дека била малтретирана во затворот.