Во Србија уапсени петмина албанци за воени злосторства

Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дациќ

Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дациќ на денешната прес конференција во Врање соопшти дека полицијата изутрината на југот на Србија уапсила осум лица, од кои петмина се товарат за воени злосторства врз цивили. Станува збор за етнички албанци. Акцијата била изведена по налог на Обвинителството за воени злосторства, а двајца од уапсените пружале отпор, изјави министерот Дациќ.