Слепиот дисидент може да аплицира за студии надвор од Кина

China -- Blind activist Chen Guangcheng speaks into a phone in Beijing, 02May2012

Кина соопшти дека слепиот дисидент може да аплицира за студии надвор од Кина. Чен Гуангченк, кој избега од домашен притвор во американската амбасада, а потоа по гаранциите од властите се врати на кинеска територија, е во центарот на дипломатските препирки меѓу Вашингтон и Пекинг.
Тој сега изрази желба да отпатува за САД. Случајот на Ченг доби на интензитет со посетата на Кина на американскиот државен секретар Хилари Клинтон.