Најмалку 19 загинати во напад во Пакистан

Архива - Баџаур

Во напад на бомбаш самоубиец во северо-западен Пакистан загинаа најмалку 19, а се повредени над 50 лица.
Според полицијата, напаѓачот се втурнал во маса луѓе на пазар во Баџаур.
Се верува дека, меѓу убиените, бил и висок полициски службеник.
Талибанците поврзани со Ал Каеда се активни во овој регион.