Тонер: најбитно е правдата да биде задоволена

Заменик портпаролот на американскиот Стејт Департмент Марк Тонер

Заменик портпаролот на американскиот Стејт Департмент Марк Тонер на редовната прес конференција во Вашингтон повтори дека Соединетите држави го следат процесот во врска со осомничените за петкратното убиство кај Смиљковското Езеро. ,,Немам многу детали. Знам дека нашата амбасада во Скопје очигледно тоа го следи одблиску и има издадено соопштение за апсењата. Не знам ништо за лицата ниту за обвинувањата против нив. Знам дека се направени голем број апсења во врска со ужасното убиство на пет луѓе во минатиот месец. Ние ќе ја следиме истрагата,, изјави Тонер запрашан за дали САД имаат какви било информации за радикални исламистички закани против Македонија, откако македонското министерство за внатрешни работи соопшти дека некои од уапсените луѓе се бореле со талибанците против трупите на НАТО во Авганистан и Пакистан. Тонер додаде дека секој осомничен за овие ужасни убиства, без оглед на нивниот идентитет, етничка или верска припадност, треба да добие соодветен законски процес за да биде задоволена правдата.