Посматрачите на ОН го посетија сирискиот град Хомс

Посматрачите на ОН го посетија квартот Халидија во Хомс, кој беше упориште на сириската опозиција и беше мета на тешки бомбардирања од страна на владините сили. Шефот на посматрачката мисија, Норвежанецот Роберт Муд ги повика сите страни да го прекинат насилството и да почнат дијалог.
Во меѓувреме, Белата Куќа ги осуди сириските безбедносни сили поради насилното прекинување на студентскиот марш на универзитетот Алепо, каде што според активисти, 4 лица загинале, а околу 200 студенти биле уапсени.