Втора рунда од парламентарните избори во Иран

Во Иран денеска се одржува втората рунда од парламентарните изботи, во која ќе бидат избрани 65 пратеници во 290-члениот парламент. Гласањето се одвива во 33 изборни единици, меѓу кои и во главниот град Техеран.
Во првата рунда на гласањето во март убедливо победија приврзаниците на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи, а сојузниците на претседателот Махмуд Ахмадинеџад претрпеа тежок пораз.
Аналитичарите велат дека се очекува Ахмадинеџад да се соочи со повеќе предизвици за време на остатокот од неговиот втор и последен мандат. Неговите противници го обвинуваат за лошо водење на економијата која е загрозена од стапка на инфлација од 20 насто, со низок раст.