Почна предизборниот молк во Србија

Во Србија на полноќ започна предизборниот молк, што ќе трае до недела во 20 часот, кога се затвораат гласачките места на кои ќе бидат одржани претседателски, парламентарни и локални избори. Според Републичката изборна комисија, право на глас ќе имаат нешто повеќе од 6 милиони и 770 илјади граѓани.
На претседателските избори главни фаворити се актуелниот шеф на државата Борис Тадиќ и лидерот на Српската напредна странка Томислав Николиќ.