НАТО се надева на договор со Русија за антиракетниот систем

Генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен изјави дека и понатаму се надева на договор со Русија во врска со инсталацијата на антиракетен систем во Европа и покрај зголемениот отпор од руска страна. Рускиот министер за одбрана Анатоли Сердиуков, од друга страна, претходно изјави дека преговорите со Вашингтон за антиракетниот систем речиси се влезени во ќорсокак. Русија смета дека анти-ракетниот систем на НАТО во Европа може да биде закана за руската национална безбедност.