Критики од Полска за ситуацијата со Тимошенко

Доналд Таск

Премиерот на Полска упати критики кон земјите во западна Европа за повиците за бојкот на натпреварите на Европското првенство во фудбал, поради загриженоста за третманот на украинскиот екс-премиер во затвор. Јулија Тимошенко се жали на малтретирање во затвор. Полскиот премиер Доналд Таск рече дека симпатизира со загриженоста на другите земји во случајот, но дополни дека и самата Тимошенко би се поколебала ако пропаднат долгогодишните подготовки за првенството. Таск забележа дека меѓународниот углед на Украина може драматично да страда доколку нема подобрувања во врска со случајот на поранешниот премиер.