Војската во Египет повторно се заложи за фер избори

од вчерашните немири

Воената власт во Египет повторно се заложи за одржување на фер избори месецов и предавање на власта на кандидатот кој ќе биде избран за претседател. Новото соопштение следи по немирите во средата кои настанаа откако вооружени лица ги нападнаа демонстрантите пред Министерството за одбрана во Каиро, инцидент во кој загинаа 20 лица. Медиумите јавуваат дека генералите може да ги искористат немирите како оправдание да не ја предадат власта на новоизбраниот претседател најкасно на први јули.