ТВ станица во Тунис казнета за богохулење

Набил Карои, директорот на приватната ТВ станица Несма

Судот во Тунис изрече парична казна во висона од 1,550 американски долари за телевизиска станица која емитувала француски филм кој наводно бил навредлив за исламската вера. Директорот на ТВ станицата Несма беше обвинет за богохулење поради тоа што лани дозволил емитување на филмот „Персеполис“, кој е во врска со животот на млада девојка за време на револуцијата во Иран во 1979 година.