Конфискувана опрема од полска радиостаница во Белорусија

Полицијата во Белорусија конфискуваше компјутери и лаптопи од канцелариите на полска радио станица во Минск. Новинарите на радио Рачја велат дека полицијата не им покажала налог за претрес пред да ја земат опремата во средата. Полицајците наводно им рекле дека станува збор за проверка. За сега нема дополнители детали за случајот. Радиостаницата емитува програма на белоруски јазик од Полска, поради тоа што во Белорусија има закони кои ја отежнуваат работата на независни електронски медиуми.