Киргистан ќе бара повеќе пари од САД за базата Манас

Претседателот на Киргистан Алмазбек Атамбаев изјави дека останувањето на американската база во таа земја и по 2014-та ќе зависи од развојот на ситуацијата во Авганистан и од тоа дали САД се подготвени да платат повеќе. Соединетите Држави плаќаат 60 милиони долари годишно за користење на базата Манас, во близина на Бишкек, како транзитна точка за воените операции во Авганистан.