Светски ден на слобода на медиуми

Светот денеска ќе го одбележи денот на слободата на медиумите. Лидерите во слободата на медиуми во светските рамки остануваат Скандинавските земји, Финска, Норвешка, Шведска како и Холандија и Швајцарија, кои претставуваат пример во светот за почитување на фундаменталните човекови права заштитени со меѓународните конвенции. Според листата на Фридом Хаус Меѓу осумте најлошо рангирани земји се Белорусија, Куба, Иран, Северна Кореа, Туркменистан и Узбекистан, додека Македонија се наоѓа на 115 -тото место. Што се однесува до другите земји во регионот најдобро пласирани во делот на делумно слободните се Црна Гора и Србија околу 75 место, по што следуваат Хрватска, Романија, Босна и Херцеговина и Косово. Во извештајот на Фридом Хаус во кој се оценува позицијата на сите видови медиуми врз законски, политички и економски фактори се рангирани 197 земји и од нив 66 се слободни, 72 се делумно слободни, додека 59 се во делот на земји кои немаат слободни медиуми.