САД ја повикаа Кина да ги почитува човековите права

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска ја повика Кина да ги почитува човековите права. Клинтон изјави дека САД се надева оти Кина ќе помогнат во запирањето на нуклеарните активности во Северна Корeја и Иран, a побара и да помогне во вршењето притисок врз сириската влада за да прекине со насилството. Во својот говор претседателот на Кина Ху Џинтао при средбата со Клинтон изјави дека САД и Кина мора да се почитуваат меѓусебно дури и кога не се согласуваат.