Русија домаќин на конференција за антиракетна одбрана

Русија денеска ќе биде домаќин на конференција за антиракетна одбрана. Новинските агенции јавуват дека руските власти планираат да прикажат компјутерски модел како плановите на НАТО за изградба на антиракетен штит во Европа можат да го поткопаат руското нуклеарно вооружување. Пред почетокот на конференцијата американскиот специјален пратеник за стабилност, стратегија и ракетна одбрана Елен Тачер изјави дека САД се целосно посветени на изградба на тој систем кој нема да преставува никаква закана за Москва. Русија и НАТО се договорија во 2010 година да соработуваат во делот на ракетна одбрана но не успееа да најдат заедничко решение.