Хјуман Рајтс Воч со осуда за Дамаск

Организацијата Хјуман рајтс воч го осуди Дамаск за воени злосторства во изминатиот месец при прекинот на мировниот договор со Обединетите Нации. Во соопштението од организацијата е наведено дека над 95 цивили биле убиени и стотици домови уништени во изминативе два месеца додека траат расговорите со меѓународниот специјален пратеник за Сирија Кофи Анан. Обвинувањатa следат откако бунтовниците наводно убиле 15 припадници на безбедносните сили во Сирија. Русија обвини дека „терористи се обидуваат да ја дестабилизираат ситуацијата и планот на Кофи Анан“.