Тенис: Македонија ја победи Ерменија со 3:0

илустрација

Македонската тениска репрезентација со победа против Ерменија од 3:0 ги почна мечевите од Третата Европска зона во Дејвис купот. Нашите тенисери попладнево во Софија со максимален резултат го совладаа првиот ривал во групата. Утре Македонија е слободна, а во петок со Црна Гора ќе игра меч за влез во полуфиналето. Доколку земјата го освои првото место во „Ц“ групата најверојатно во полуфиналетo, во сабота ќе игра против домаќинот Бугарија. Инаку, победите за македонската селекција ги постигнаа, Шендрит Деари кој со 6:2 и 6:0 по сетови го совлада Ашот Геворгјан, додека во вториот сингл дуел Томислав Јотовски направи пресврт против Качатур Качатрјан – 3:6; 6:2 и 6:0 по сетови.