Реакција од Aмериканската амбасада во врска со апсењата во акцијата „Монструм“

Американската амбасада во Скопје соопшти дека со внимание ги следи деталите за апсењата и истрагата која е во тек во врска со петкратното убиство кај Смиљковското езеро, активности кои МВР ги имплементираше во операцијата наречена „Монструм“. „Ќе продолжиме внимателно да ја следиме состојбата и како што и претходно кажавме, ги повикуваме сите граѓани да останат мирни и да дозволат спроведување на законскиот процес“ се наведува во соопштението од Aмбасадата. „ Важно е секој осомничен за овие ужасни убиства – без разлика на идентитетот, етничката или верската припадност – да добие соодветна постапка во согласност со законот за да може на крајот, правдата да биде задоволена“ се дополнува во дописот.