Вечерва ТВ дебата меѓу Саркози и Оланд

Францускиот претседател Никола Саркози и неговиот противкандидат на претседателските избори Франсоа Оланд ќе се соочат на телевизиска дебата вечерва. Програмата е инспирирана од слични дебати во Соединетите американски држави и претставува еден од најзначајните соочувања на двајцата кандидати кои на 6ти овој месец ќе се натпреваруваат за гласови во вториот круг од изборите. Во текот на кампањата Саркози го нарече Оланд некомпетентен лажго, додека пак кандидатот на социјалистите го нарече својот противник неуспешен претседател. Анкетите предвидуваат дека Оланд е во предност.