Единаесетмина загинале во Египет

Првичните информации беа дека пет лица загинале во немирите

Властите во Египет соопштија дека единаесетмина загинале во немирите во близина на министерството за одбрана во Каиро изутринава. Инцидентот настана откако неидентификувани лица ги нападнаа насобраните демонстранти кои бараат крај на военото владеење во земјата. Многумина демонстранти тврдат дека напаѓачите се поранешни претседателски кандидати кои биле дисквалификувани. Двајца други претседателски кандидати привремено ги суспендираа кандидатурите во знак на солидаризирање.