Закани за блокада на договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Украина

подржувачи на екс-премиерот пред судот во Харков

Договорот за асоцијација меѓу Украина и Европската унија, за кој се преговара со години , може да биде загрозен ако властите во земјата не реагираат во врска со загриженоста за ситуацијата на екс-премиерот Јулија Тимошенко, изјави германскиот министер за надворешни работи. Гуидо Вестервел во изјава за медиумите рече дека Германија е подготвена да ја блокира ратификацијата на политичкиот и трговски договор ако официјален Киев не ги преиспита правните прашања во случајот Тимошенко. Екс премиерката отслужува седумгодипна затворска казна, обвинета за злоупотреба на службена должност и штрајкува со глад поради тоа што наводно ја тепале затворските стражари.