Фејсбук со првична јавна понуда на 18 мај

Социјалната интернет мрежа Фејсбук соопшти дека првата јавна понуда на акциите ќе ја изврши на 18 овој месец. Оваа компанија сака да добие околу 5 милијарди долари, но некои предвидуваат дека на првичната понуда ќе бидат понудени скоро 10 милијарди долари. Со тоа вредноста на Фејсбук би можело да изнесува 100 милијарди долари, што се смета за најголема вредност од понудата на акциите на Гугл во 2004 година. Фејсбук има 900 милиони регистрирани корисници и е водечка социјална мрежа во светот освен во шест земји, меѓу нив Кина и Русија.