Осомничените за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро пред Кривичен суд

Министерката Јанкулоска на прес конференцијата кога беше потврдено апсењето на 20 осомничени за петкратното убиство во Смиљковци, 01.05.2012.


Уапсените во полициската акција „Монструм,, изутрината биле пренесени во скопскиот Кривичен суд, јавува агенцијата МИА, наведувајќи дека се очекува да им биде изречена мерка притвор. Приведени се 20 лица од Скопје, за кои Министерството за внатрешни работи соопшти дека постоеле материјални докази оти дел од нив биле одговорни за петкратното убиство кон средината на минатиот месец кај Смиљковско Езеро и дека сите биле следбеници на радикалниот ислам. Министерството за внатрешни работи најави дека ќе поднесе кривични пријави за тероризам.