Место за опозицијата во парламентот во Мјанмар

Продемократската лидерка на опозицијата, Аунг Сан Су Ки

Лидерката на опозицијата во Мјанмар Аунг Сан Су Ки денеска треба да биде инаугурирана од парламентот кој е поддржан од армијата. Шеесет и шест годишната Ки ќе преземе јавна функција за прв пат откако ја почна својата борба против авторитарната власт пред речиси четврт век. Владата на претседателот Теин Сеин веќе презеде неочекувани реформи од преземањето на власта минатата година,вклучувајќи го и одржувањето на изборите на 1 април, во кои Ки доби едно место. Нејзината партија, Националната лига за демократија, ќе го направи своето деби во собранието отакако претходно протестираше за текстот на заклетвата, во која е вклучено ветувањето за "заштита" на Уставот креиран од армијата.