Заедница на Хрватите во САД бара подршка за Македонија

Заедницата испрати писмо до американскиот претсаедател Барак Обама

Писмо до претседателот Барак Обама во кое тој се охрабрува „да и даде безрезервна поддршка на обидот на Република Македонија за полноправно членство во НАТО на претстојниот Самит во Чикаго“ испрати Националната федерација на Американците со хрватско потекло (НФЦА), која брои повеќе од половина милион членови. „ Бараме да ја земете в предвид одлуката на Меѓународниот суд на правдата и да извршите притисок за НАТО да и упати покана на Македонија на Самитот во Чикаго“ изјави Бил Вергот претседател на организацијата, информираа од Обединетата македонска дијаспора.