Израел предупреди дека се отворени сите опции со Иран

Израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак предупреди дека се додека постои опасност од иранската нуклеарна програма остануваат отворени сите опции, вклучувајќи и можност од воен напад врз Иран.
На пресс конференцијата во Ерусалим пред странските новинари кои работат во таа земја министерот за одбрана изјави дека военото решение на тој проблем не е едноставно, но дека би било многу поопасно за Израел и за регионот доколку Иран и натаму поседува нуклеарно оружје.
Израел го смета Иран како закана за својата егзистенција бидејќи Иранските лидери често повикуваат на уништување на Израел и го подржуваат насилството на анти-Израелските групи во регионот.