Саркози најави тужба против интернет портал

Францускиот претседател Николас Саркози најави тужба против интернет сајт кој јави дека кандидатот добил понуда за финансирање на кампањата од Муамар Гадафи, за време на неговата прва кандидатура во 2007 година. Интернет порталот „Медиапарт“ тврди дека има документ потпишан од некогашниот шеф на либиската разузнавачка служба Муса Куса, со кој се нуди финансирање на кампањата со износ од 66 милиони американски долари.