Најмалку 35 загинати во несреќа во Индија

Фериброд со 200 патници се превртел во северозападниот дел на Индија, соопшти полицијата. Најмалку 35 лица загинале во несреќата, а 75 се водат за исчезнати. Шефот на полицијата во Асам рече дека несреќата се случила на реката Брамапутра, веројатно поради силни врнежи и силен ветар.