Руски активист тврди дека бил тепан во притвор

Роман Доброхотов

Руски активист вели дека властите не му објасниле зошто го апсат кога се обидел да се моли во црква во Москва за ослободување на Русија од Владимир Путин, човекот кој по 12 години на лидерски позиции во Русија се подготвува за нов претседателски мандат од мај годинава. Полицијата наводно на сила го притворила Роман Доброхотов во неделата, пред катедралата Христос Спасителот. Активистот вели дека бил тепан пред да биде пуштен од притвор.