Шпанија влезе во рецесија

Илјадници луѓе во неколку градови низ Шпанија вчера протестираа против мерките за штедење кои предвидуваат намалени социјални расходи

Шпанија, четвртата по големина економија во Еврозоната, влезе во рецесија. Податоците на шпанскиот институт за статистика покажуваат дека бруто домашниот производ на земјата се намалил за 0,3 проценти во првите три месеци годинава. Тоа се случи по ланскиот пад од 0,3 проценти, во последниот квартал од 2011 година. Падовите се случуваат во услови кога власта крати буџетски расходи со цел намалување на јавниот дефицит во земјата.