Нови инциденти во Сирија, над 20 загинати


Сиријската државна телевизија јави дека денеска со гранати биле нападнати централната банка и една полициска патрола во главниот град Дамаск, а експлоирале и две бомби во градот Идлеб. Според активисти, во Идлеб загинале најмалку 20 луѓе. Според државните медиуми, инцидентите ги предизвикале вооружени терористи, термин што го користи сиријскиот режим за противниците кои се обидуваат да го соборат претседателот Башар Ал Асад.