Напади врз христијаните во Нигерија

Архивска фотографија: Бомбашки напад врз полициска станица во Кано на 20 јануари 2012 година.

Најмалку 21 човек е убиен, а повеќе од 22 се повредени во експлозија на бомба и вооружен напад врз универзитетот и една црква во градот Кано, најголем град на северот на Нигерија претежно населен со муслиманско население. Медиумите јавуваат дека цели на нападот биле места каде што се собираат христијани.

Се уште никој не презел одговорност за нападите. Исламистичката секта Боко Харам досега преземаше одговорност за слични напади врз христијаните.

Најнаселената држава во Африка, која е и произведувач на нафта, е остро поделена меѓу доминантно мусиманскиот север и претежно христијанскиот југ.