Бан Ки Мун во посета на Мјанмар

Претседателот на Мјанмар Теин Сеин.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун е во посета на Мјанмар каде што се сретна со претседателот Теин Сеин. Бан Ки Мун е во прва посета на земјата за да му изрази поддршка на новиот реформистички режим. Се очекува шефот на ОН да се сретне и со нобеловката и поранешна политичка затвореничка Аунг Сан Су Кји, која неодамна стана пратеничка.

Во посета на Мјанмар е и шефицата за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон. ЕУ неодамна ги укина санкциите против оваа земја.