Поранешниот либиски министер за нафта пронајден мртов во Виена

Поранешниот министер за нафта на Либија Шукри Ганем.

Австриската полиција соопшти дека телото на поранешниот министер за нафта на Либија Шукри Ганем, кој побегна од режимот на Моамер Гадафи, било пронајдено во Дунав. Портпаролот на виенската полиција Роман Хаслингер рече дека на телото немало видливи траги од насилство и додаде дека „можно е да му се слошило и да паднал во водата“. Австриската новиснака агенција АПА претходно објави дека Ганем бил пронајден мртов во неговиот стан и дека веројатно доживеал срцев удар.