Американски активист уапсен во Виетнам

Државните медиуми во Виетнам јавуваат дека американски про-демократски активист со виетнамско потекло бил уапсен под обвиненија за тероризам. Виетнамската новинска агенција пишува дека Нгујен Куок Куан бил уапсен на 17 април на аеродромот во градот Хо Чи Минх. Медиумите наведуваат дека постоеле сомненија дека уапсениот планирал да предизвика демонстрации со кои би се омаловажувала прославата на годишнината од крајот на виетнамската војна против Соединетите американски држави.