Пристигнува новиот шеф на набљудувачите во Сирија

Специјалниот пратеник на ОН во Сирија Кофи Анан со новиот шеф на набљудувачката мисија Роберт Муд

Обединетите нации најавија дека новиот шеф на набљудувачката мисија во Сирија ќе пристигне во земјата денеска. Портпаролот Нерај Синг во Дамаск потврди дека генерал мајор Роберт Муд ќе биде првиот човек на мисијата на светската организација. Муд претходно беше шеф на Организацијата за надгледување на примирја, а работел и на Косово во 1999 и 2002 година.