Опозициски протести во Казахстан

Опозициски протести во во главниот град на Казахстан, Алмати.

Стотици луѓе протестираат против владата во главниот град на Казахстан, Алмати, и бараат ослободување на 37 луѓе на кои им се суди дека наводно ги организирале немирите во градот Жанаозен на западот на земјата.

Агенцијата Асошиејтед прес, повикувајќи се на очевидци, објави дека околу 10 луѓе, меѓу кои и некои опозиционери, биле приведени од полицијата за време на протестите, но нема независна потврда на оваа информација.

Луѓето за кои се бара ослободување се обвинети дека ги разгорувале безредијата за време на штрајкот за поголеми плати на нафтените работници во Жанаозен. Хјуман рајтс воч повика на прекин на судењата, зашто многумина од обвинетите тврделе дека преку физичка и психичка тортура во затворот им биле изнудени признанија од властите.