МААЕ потврди дека ги продолжува разговорите со Иран

Иранскиот амбасадор во МААЕ Али Асгар Солтаниех.

Меѓународната агенција за атомска енергија потврди дека планира да ги продолжи разговорите со Иран на средината на мај, повеќе од два месеци откако нивниот последен состанок заврши со неуспех. Портпаролот на агенцијата Гил Тудор изјави дека средбите се планирани за 14 и 15 мај во Виена.

Претходно, иранскиот амбасадор во МААЕ Али Асгар Солтаниех, рече дека било договорено средбите да се одржат на 13 и 14 мај во Виена.