Вдовиците и децата на Бин Ладен примени во Саудиска Арабија

Полицијата го придружува комбето во кое е семејството на Осама бин Ладен во Пакистан на 26 април.

Саудиските власти им дозволиле влез во земјата на вдовиците и на децата на убиениот водач на Ал Каеда, Осама бин Ладен, поради „хуманитарни причини“, информира саудиски функционер. Неименуваниот функционер за весникот „Ашарк Ал-Авсат“ изјавил дека властите се уверени дека ниедна од жените или децата не биле вклучени во терористичките операции на Бин Ладен.

Трите вдовици и 11-те деца и внуци слетаа во Саудиска Арабија вчера, откако беа депортирани од Пакистан. Вдовиците, две Саудијки и една Јеменка, беа кратко притворени во Пакистан, по што беа депортирани поради нелегален престој во земјата.