Иран ќе ги продолжи преговорите со МААЕ

Али Асгар Солтаниех

Иран ќе ги обнови разговорите со Меѓународната агенција за атомска енергија во наредниот месец. Ова го изјави иранскиот амбасадор во Агенцијата Али Асгар Солтаниех, прецизирајќи дека било договорено тоа да се случи на 13 и 14 мај во Виена. Иран исто така ги обнови разговорите за нуклеарната програма и со шестте светски сили и до нив треба да дојде на 23 мај во Багдад. Иран ги отфрла наводите дека тајно развива нуклеарно оружје.