Романската влада падна, чешката преживеа

Михаи Унгуреану

Лидерот на романската Социјалистичка партија Виктор Понта го доби мандатот да состави нова влада, само неколку часа откако кабинетот на премиерот Михаи Унгуреану не ја доби довербата во парламентот. Тоа е втора смена на владата во оваа година и до неа доаѓа пред ноемвриските парламентарни избори. Унгуреану стана премиер пред три месеци откако неговиот претходник Емил Бок поднесе оставка поради големиот бран протести против мерките за штедење. Во меѓувреме, кабинетот на чешкиот премиер Петр Нечас го преживеа гласањето за недоверба на владата. До ова дојде по протестот против мерките за штедење и корупцијата што во минатата сабота се одржа во Прага.