Самоубиствен бомбашки напад во Дамаск

Дамаск - вчерашен напад со автомобил бомба

Државните медиуми во Сирија јавија дека бомбаш самоубиец убил 5 луѓе во центарот на Дамаск. Според извештаите, околу 20 луѓе при нападот во квартот Мидан при тоа биле ранети.
Претходно, активисти на опозицијата јавија дека експлозија одекнала пред државната нафтена компанија во Дамаск.
Во Сирија во Март 2011 започна востание против власта на Башар ал Асад.