Поплави во јужен Киргистан

Над 200 куќи биле уништени во јужен Киргистан од силни поплави и лизгање на земјиштето. Локалните власти соопштија дека од невремето биле погодени неколку градови и села во регионот на Ош. Земјоделците бараат помош за расчистување на обработливите површини кои се покриени со наноси од кал.