Пакистанскиот премиер не поднесува оставка

Пакистанскиот премиер Јусуф Реза Гилани денеска изјави дека нема намера да си поднесе оставка и оти единствено парламентот може да го разреши од функцијата. Повиците за оставка на Гилани уследија откако вчера Врховниот суд го обини за попречување на правдата во еден случај за корупција.