На сајтот на талибанците, пораки за мир?

Главната интернет страница на авганистанските талибанци била нападната од хакери кои ги замениле вообичаените содржини за напади и победи, со пораки за осуда на насилствата на англиски, арапски и пашту јазик. Портпарол на талибанците изјави дека нивниот сајт бил пробиен два пати, оценувајки дека тоа го направиле западните разузнавачки служби. Талибанците во последните неколку месеци ја интензивираа информативната војна со НАТО силите во Авганистан, вклучувајки и дистрибуција на анти-владини пораки преку мобилната телефонија и преку Твитер.