Гласање за доверба на владите во Чешка и Рoманија

Владите во Чешка и во Романија денеска се соочуваат со гласање за доверба, главно поради спроведувањето мерки за штедење. Чешкиот премиер Петр Нечас побара доверба од парламентот, бидејки постои раздор во една од партиите во владејачката коалицијата, предизвикан од мерките за кратење на буџетот. Во минатата сабота во Прага протестираа околу 100.000 луѓе против мерките за штедење и корупцијата, што беше најголем анти-владин протест од падот на комунизмот.